| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со аманет до синовите: Кога ќе чекорите во животот, бидете горди, со исправена глава, борете се за вашата втора мајка Македонија

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на синоќешниот митинг пред Владата каде што побара предвемени парламентарни избори, испрати порака и до неговите два сина.

За крај, на самиот крај на овој денес почеток на крајот на едно неславно управување со Владата на Република Македонија, сакам од срце да оставам еден аманет имам два сина тие ми се све во животот, и на нив сакам да им упатам порака – Синови мои кога ќе чекорите по траекторијата по вашите животи со или без мене бидете горди, бидете со исправена глава, работете и борете се за вашата втора мајка Македонија – рече синоќа Мицкоски.

На митингот синоќа Мицкоски го придрижуваше неговата сопруга Рози Мицкоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top