| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот претседател прогнозира: Шпанија е новиот светски фудбалски првак!

Владимир Путрин, претседателот на Русија во пресрет на Светското првенство (СП) го откри името на својот фаворит во пресрет на турнирот.

– Скоро сите селекции имаат по еден добар фудбалер, некои ги имаат најдобрите во светот, но Шпанија има одлични фудбалери на сите позиции. Поради тоа пристигна на Мундијалот без пораз и според мене е најголем фаворит за светската титула. Мислам дека се врати на нивото од 2010 година кога се радуваше на трофејот – вели рускиот претседател.

Руската репрезентација ќе го отвори натпреварувањето со дуелот против Саудиска Арабија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top