| четврток, 6 декември 2018 |

Приштина ги амнестира Србите

g_dacic-taci_520x320

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека договорот за амнестија постигнат во Брисел со Косово ќе важи за сите граѓани на Србија, и тие нема да се плашат дека ќе бидат процесирани доколку сакаат да работат во покраината. Сепак, тој нема да важи за дела против припадниците на меѓународните сили.
Според тоа, граѓаните на Србија нема да бидат гонети за демонстрации против Косово или неплаќање данок и други долгови кон Косово.
– Политичкиот договор има цел да стави точка, крај на минатото за сите. Доколку некој граѓанин на Србија сака да работи во покраината, тој нема да има страв дека ќе биде процесиран – објаснува Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top