| четврток, 6 декември 2018 |

Музичката елита во новиот видеоспот на Тамара (ВИДЕО)

Tamara-Todevska01

На само два дена пред големиот концерт во летната дискотека „Колосеум“, Тамара Тодевска на денешната промоција во кафулето „Кала“ ги пречека пријателите, колегите, новинарите и обожавателите на кафе и дружба, како и промоција на нејзиниот најнов видеозапис.
Со брз и остар ритам, „Само сакам да“ е дело на композиторот и продуцент Бертан Аслани, додека пак за текстот на новата песна се потпиша познатиот рапер Тони Зен.

Како и за „Залудно е“, ексклузивката на „Горила продукција“ повторно соработуваше со режисерот Владимир Дади Илиевски.
– Со Тамара соработуваме одамна, не само на видеозаписите и затоа доволно сум опуштен да ги тестирам границите на креативноста и сето она што може да го изработиме заедно – вели режисерот Владимир Дади Ивановски.

Tamara-Todevska

Во спотот, кој се снимаше во салата на „Сити хол“, најмногу внимание му е посветено на квалитетната и врвна фотографија и во него преку интересните костими на Ивана Књез и Мила Кадриу, како и шминката на Арменд Рамадани, се изразува уште една дива и ексцентрична страна на Тамара.

Со „Само сакам да“, ексклузивката на „Горила продукција“ го најавува нејзиниот следен албум, а веќе в сабота, 6 јули, во летната дискотека „Колосеум“, Тамара во друштво на повеќе од 8 музичари кои ќе ја придружуваат на сцената, ќе ја потсети публиката на нејзините најголеми хитови, како и сите нови музички проекти.

На големиот солистички концерт кој како специјални гости ќе се појават нејзините долгогодишни пријатели и соработници: Тони Зен, Влатко Илиевски и Роберт Билбилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top