Кога слушнав дека кај вас се забранила таква музика, се израдував. Еј, од тогаш во глава ми се врти идејата да се преселам во Скопје. Тоа ми се допаѓа, изјави пејачот во емисијата на Зоран Василевски, „Фаци“.
Воодушевен од одлуката на скопските дискотеки да се престане со пуштање турбофолк- музика, на Владо Георгиев му се допаѓа идејата Белград да го замени со Скопје.
– Навистина мислам така. Најди ми гарсониера не поголема од 30 квадрати и се селам кај вас. Ова во Белград не се издржува – додаде тој.
Пејачот неодамна излезе од болница после хируршката интервенција на белодробната обвивка, а наскоро доаѓа во Македонија работно, со настап на прилепскиот пивофест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.