Мартин Вучиќ на 9 јуни ќе се жени со својата долгогодишна девојка Сања. Блиски пријатели на Мартин
раскажаа дека свадбата се подготвува од поодамна. Велат дека се поканети блиски пријатели на двете
семејства, но и луѓе од јавниот живот кои се пријатели на Мартин и на неговиот татко Драган Вучиќ.
Свадбата ќе се одржи во „Камник”.
Мартин никогаш не зборувал јавно за приватниот живот и за своите девојки. Сања долго време ја криеше
од јавноста, а медиумите првпат пишуваа дека Мартин и Сања се заедно скоро една година откако ја
почнаа врската. Двојката е заедно од 2014 година. Тие веќе подолго време живеат заедно.
Мартин Вучиќ не сака да се зборува за неговиот приватен живот оти од 2008 година не е на музичката
сцена.
извор: репортер.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.