Спектакуларна разделба од корејскиот тим Сувон имаше македонскиот фудбалски репрезентативец Стевица Ристиќ, а напаѓачот возврати со гол во победата од 3-1 против Даежон.
„Стево не си заминувај“, „Засекогаш ќе те паметиме“ и „Ти си најдобриот напаѓач на Сувон“, беа само дел од транспарентите во чест на македонскиот репрезентативец. Ристиќ заминува во Јапонија во редовите на Кашива, а стотици пораки му пристигнаа и на неговиот профил на „Фејсбук“, по објавата дека си заминува од Сувон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.