Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи промена на името на Република Македонија, доколку задира во нашиот идентитет и национала посебност- првиот соцелјадемократ Зоран Заев го соопшти ставот за името, кој рече дека е непроменлив и заеднички на сите негови сопартијци.
Оваа изјава беше дадена во 2013-та година при неговата посета на Струга.
Изјавата која тогаш ја даде воопшто не наликува на она кое тој го прави денес.
-Имиња пред Република Македонија или какви било други формулации се за разгледување, но без притоа да се чепне Уставот на државата, мојот национален јазик, мојата национална посебност, мојата култура како Македонец, изјави тогаш Заев.
Денес, Заев во улога на премиер прифаќа промена на името и промена на македонскиот устав.
Освен тоа, тој попушта во преговорите со Грција и според неофицијалните информации, како што преговара за името, така преговара и за јазикот, националноста и културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)