| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Следете ме и ајде сите заедно да го поддржиме решението Република Илинденска Македонија кое ќе не води напред!

Нашиот грчки партнер прифати ние да спроведеме референдум. Следната недела, ќе се договириме за средба со Нимиц, по што, доколку се прифати од двете страни, предлогот ќе се драфтира на хартија во Њујорк. Доколку не успееме, остануваме посветени и натаму да изнајдеме решение - рече Заев по завршувањето на лидерската средба

Го информирав целиот политички врв за последната фаза од преговорите околу спорот што Република Грција го има со Република Македонија. Oфицијален предлог е Република Илинденска Македонија – изјави денеска Зоран Заев, премиер на Македонија по завршување на лидерската средба на која тој требаше да ги информира лидерите на најголемите политички партии во држвата и претседателот Ѓорге Иванов за преговорите околу името.

– Илинден е гаранција за мултиетничка Македонија. Првиот Илинден 1903 е симбол за заедничка борба за автономија. Вториот Илинден 1944 е заокружување на нашата борба за државност и официјален и службен јазик во нашата Република Македонија. Третиот Илинден 8 септември 1991 е самостојност без капка крв. Со ова се прави целосно разграничување на регионот Македонија во Грција и е показател дека немаме никакви територијални аспирациии кон ниту еден сосед.Уште еднаш потврдувам дека немаме никакви територијални претензии и го почитуваме наследството на грчкиот народ и Грција. Нам ни треба нов, четврт Илинден, со кој ќе се обединеме како народ и Македонија. Грција ќе биде наш промотор отсега во светот. Сега ни треба нов Четврти Илинден со новото име Илинденска Македонија.Во јуни добиваме покана од НАТО и сите фондови ни се отвораат. Ќе добиеме повеќе пари, во кој момент ќе добиеме столче во Брисел, зависи од нас. Јазикот е македонски, идентитетот е гарнатиран. И нашите кодови МК и МКД, ќе бидат гарантирани. Јас донесов одлука, верувам во ова решение, подготвен сум да водам и ќе водам напред. Јас сум Македонец и стојам зад ова решение. Следете ме, и ајде сите заедно да поддржиме решение кое ќе не води напред. Ова е историска шанса, да ја искористиме. Нашиот грчки партнер прифати ние да спроведеме референдум. Следната недела, ќе се договириме за средба со Нимиц, по што, доколку се прифати од двете страни, предлогот ќе се драфтира на хартија во Њујорк. Доколку не успееме, остануваме посветени и натаму да изнајдеме решение – рече Заев по завршувањето на лидерската средба.

Според него, нема повеќе пречки за членство во ЕУ.

– Отворени врати, наместо блокади, ќе добиваме повеќе пари и помош од ЕУ. Фондови за движење на економијата, фондови за подобар живот на граѓаните. Во кој момент ќе добиеме столче во Брисел ќе зависи само и исклучиво од нас – од тоа колку брзо ќе ги спроведеме реформите.

Со можниот договор добиваме финална потврда – јазик македонски, language Macedonian. Идентитетот гарантиран. И меѓународните кодови МК и МКД ќе бидат обезбедени.

Грција, од држава во која сме во спор – станува наш подржувач. Ќе ја имаме нивната поддршка, ќе се зајакне економската соработка, ќе се интензивира трговијата, ќе биде наш промотор во Европа и Светот.

Заради овие историски придобивки, заради ваквата гаранција за развој на Македонија, заради гаранцијата за влез во НАТО и ЕУ, заради гаранцијата за идентитетот македонски – ќе прифатиме севкупна употреба на името Република Илинденска Македонија како и заради зајакнување на меѓуетничката кохезија.

Спроведувањето на употребата на новото име за внатрешна употреба би се реализирало во фази, етапно, онака како што ќе напредуваме низ преговорите за членство во ЕУ, а ќе се обезбеди преку референдум и преку уставни амандмани. Јас донесов одлука и стојам стопроцентно позади стремежот да успееме како народ, како држава, како идеја! Верувам во ова решение, подготвен сум да водам и ќе водам напред.

Јас сум Македонец и ве повикувам сите, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, и сите други, АМА СИТЕ – следете ме и поддржете го можното решение за 25 годишниот спор кој ја влечеше Македонија надолу конечно да го решиме. Сега е моментот, ги повикувам сите политички сили во општеството, сите групи и заедници – приклучете се, да ја искористиме оваа историска шанса за дефинитивен заеднички успех за Македонија.

Чесно на крајот да кажам дека ова треба да биде секако прифатено и од страна на Грција. Не дај Боже. Ако не биде прифатено од било која страна, остануваме посветени се додека не најдеме решение прифатливо и за нас и за Грција – изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top