| четврток, 6 декември 2018 |

Овие апликации во вашиот телефон се вистинска мамка за вируси

Со оглед на огромниот број на апликации кои секојдневно се појавуваат, дури и Google не може сите да ги следи и да провери колку истите се безбедни.

Затоа, безбедноста на уредот зависи првенствено од вас и поради тоа треба добро да размислите пред да одлучите да инсталирате некоја од овие апликации:

Апликации за временска прогноза

Овие апликации се многу популарни, но голем број од нив содржат вируси. Неодамна излезе вест за апликација во која се наоѓал вирус кој собирал податоци од телефоните и ги испраќал до хакерите кои биле заинтересирани за кредитните картички на корисниците.

Апликации кои го „оптимизираат” телефонот

Овие апликации ветуваат дека ќе го исчистат “кешот” од телефонот, ќе ги избришат непотребните програми и ќе го забрзаат уредот. Меѓутоа, бројни паметни телефони веќе доаѓаат со овие функции па затоа апликациите од ваков тип се непотребни. Притоа, тие ја трошат батеријата, не го забрзуваат системот и како бонус доаѓаат со реклами.

Апликации кои ја зголемуваат количината на RAM

Доколку ова ви звучи премногу добро за да биде вистинито – не грешите. Во прашање се оптимизатори кои привремено можат да избришат “кеш” фајлови, а тоа вашиот телефон може да го направи и сам. Работата е во тоа што не можете да ја зголемите количината на RAM која телефонот веќе ја поседува, а врв на сето тоа е што овие апликации многу лесно можат да ги украдат податоците на корисникот.

Апликации за дефрагментација

Овие апликации станаа популарни бидејќи нивните креатори успеаја да ги убедат луѓето дека тие го прават истото што го прават и компјутерските програми. Но, на паметните телефони не постојат хард дискови кои би требало да бидат дефрагментирани. Затоа овие апликации можат само да анализираат колку одредени апликации заземаат простор. Притоа, тие ги трошат ресурсите на телефонот и можат да ги украдат вашите лични податоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top