ВМРО-ДПМНЕ останува на својата позиција од претходно, а тоа е дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име, изјави денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски по лидерската средба на која премиерот Зоран Заев ги информираше за текот на преговорите за името.
– Она што беше шпекулација изминатите денови и онаа шпекулација за која Зоран Заев вчера рече дека е шепекулација, излезе вистина. Зоран Заев и Никола Димитров прифатиле решение какво што пред малку ви беше презентирано, а за што денеска првпат бевме запознаени на средба која требаше да биде од информативен карактер. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да поддржи промена на Уставот а со цел промена на уставното име. Целокупниот процес се водеше во тајност и егзибиционистички, беа загрозени националните и државните позции на Република Македонија. Патот до целта е јасен, интеграција во ЕУ и НАТО, но очигледно дека траекторијата е различна.
Нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет во однос на измена на Уставот.
– А предлогот, кој го претстави Заев предвидува промена на Уставот, односно име за севкупна употреба – додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)