| четврток, 6 декември 2018 |

Тој проклет, најгрд, најтажен ден – Ана Николиќ објави потресен статус

Поп пејачката Ана Николиќ пред точно 20 години остана без својот татко Душан, чиј губиток никогаш нема да може да го прежали, за што сведочи и потресната порака која ја сподели на Инстаграм.

-Дваесет години поминаа, а тој ден никако…Тој проклет, најгрд, најтажен ден…Недостигаш…за се што поминало, за се што доаѓа…Не помина ниту еден ден од овие 7.300 да не ти кажам дека те сакам…Знам дека си горд на Марко и мене какви луѓе станавме…и се што правев, правев како ти да си тука. А мама, таа достојно те замени, силно и јако, каква што секогаш беше. Те сакаме-напиша пејачката во описот на краткиот филм составен од татковите стари фотографии, благодарение на кои и се будат најдалабоките емоции и навираат сеќавања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top