| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев во Борусија Дортмунд?

Македонскиот фудбалер Горан Пандев е мета на големата екипа од Бундес лигата, екипата на Борусија Дортмунд, пренесува италијанскиот „Калчисимо“

pandev
Според  италијанските медиуми, македонскиот репрезентативец е желбата на „милионерите“ како замена за Роберт Левандовски иако и натаму посигурна е варијантата дека, сепак, ова лето нема да го напушти Неапол.
– Има неколку понуди од Бундес-лигата за македонскиот напаѓач, особено најдиректна е онаа од Борусија Дортмунд, која го гледа Пандев како замена за Роберт Левандовски.
Но, во согласност со актуелната ситуација во Наполи, се чини дека неверојатно е поранешниот фудбалер на Интер да го напушти Сан Паоло – пишува „Калчисимо“.
Претходно, дел од шпекулациите велеа дека и француски Монако е заинтересиран за услугите на Пандев, за кого италијанските медиуми претпоставуваат дека нема да ја има посакуваната минутажа во небесносиниот дрес по доаѓањето на Рафа Бенитез во клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top