| четврток, 6 декември 2018 |

Лава од вулканот на Хаваите топи „мустанг“ (ВИДЕО)

Лавата од вулканот на Хаваите стопи „мустанг“. Вулканот Килауеа на хавајскиот Голем Остров почна да исфрла лава минатата недела. Како резултат на неговото активирање беше спроведена масовна евакуација. Лавата уништи повеќе од 20 дома.

Застрашувачката моќ на врелата лава може да се види и на оваа снимка направена на Хаваите неколку дена по ерупцијата на вулканот. На снимката може да се забележи како лавата полека, но разорно преминува преку улицата кон паркираниот бел „форд мустанг“, кој веднаш се стопи. Видеото е снимено во Леилани естејтс, во близина на градот Пахоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top