| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција ладнокрвно убива куче (вознемирувачко видео)

policijakuceЛисици на раце и убиено куче  – причините едноставни, човекот ја снимил полицијата. Полицајци од Хоторн, Калифорнија, убија куче и го уапсија неговиот сопственик. Иако не бил единствениот којшто бил во близина на полицајците и ги снимал, бил единствениот којшто настрадал.

Полицијата била во акција во соседството, а ова момче и неколкумина други минувачи ги снимале полицајците.Полицијата тргнува да го идентификува човекот кој ги сними, му ставаат лисици на раце, а кучето се обидува да го одбрани својот сопственик. На крај завршува со неколку куршуми испукани во неговото тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top