Шпанецот Рафаел Надал ја задржа водечката позиција на АТП листата со 100 поени повеќе од второпласираниот Швајцарец, Рожер Федерер.
Рафа ќе го брани трофејот од „Мастерс“ турнирот во Мадрид оваа недела, или 1.000 поени освоените минатата година и ако не ја освои титулата, Федерер повторно ќе го преземе водството.
Во првите 10 места имаше само две промени. Григор Димитров и Марин Чилиќ, кој откажа учество во шпанската престолнина, ги заменија местата, па така Бугаринот сега е четврти, а Хрватот петти.
Некогашните број 1 во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се соодветно на 12-та, односно 39-та позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рафаел Надал помага на загрозените од поплавите на Мајорка
-
Се зборуваше дека се заедно: Надал снимен како танцува на концертот на омилената пејачка (Видео)
-
Надал: Тенисот е непредвидлив, за Ѓоковиќ пред два месеци се говореше дека е очаен
-
Ѓоковиќ му испрати потсетник на Надал: Не е ни чудо што сега сме на рехабилитација (Видео)