| четврток, 6 декември 2018 |

„Тодор“ носи нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за невреме

Во текот на денешното претпладне во државава времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди ( повремено и подолги).

Од пладневните часови па натаму ќе се развива нестабилна облачност која повторно на повеќе места ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално повторно процесите ќе бидат поинитензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град како и значително количество на воден талог.

Останува и натаму многу топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

извор: Метеомакс

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top