| четврток, 6 декември 2018 |

Циклон Тодор: Очекувајте поголема нестабилност, повторно можно невреме со град

Во текот на попладнево како и во вечерните часови времето во државава ќе биде нестабилно облачно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ проследени со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, силни електрични пранзења, засилен ветер и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Да напоменеме дека моментално источната половина на државава е зафатена од поголема нестабилност.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top