Дел од турската претстлнина Анкара беше зафатена од голема поплава откако падна голема количина дожд. Шест лица се повредени, а улиците беа претворени во реки.
– Тоа беше природна катастрофа. Никој не го загуби животот, но шест лица се повредени и предизвикана е голема материјална штета – изјави градоначалникот на Анкара Мусафа Туна.
Поплавата го погоди округот Мамак, во источниот дел од градот, откако од никаде се појавиле големи облаци, наведуваат турските медиуми.
Телевизиските канали емитуваа снимки од калливите бранови вода, кои ги фрлаа атомобилите. Градоначалникот на Анкара рекол дека ниту еден жител на градот не се смета за исчезнат.
– Тоа е појава која се случува еднаш на 500 години – изјавил Туна.
Минатата година во Истанбул два пати се случиа поплави за време на летото кои го парализираа градот. Владата тогаш спомена дека тоа се невообичаени појави за тој период од годината и дека можно е причината за таквите појави да се глобалните климатски промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)