| четврток, 6 декември 2018 |

Кои улици утре ќе бидат затворени во Скопје?

Поради Скопскиот маратон утре во периодот од 7 до 14 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај на повеќе градски улици и булевари.

Во тој период целосно затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“, од крстосницата со улицата ВМРО до булеварот 8.Септември; во продолжение, затворена ќе биде десната коловозна лента во правец од булевар 8.Септември до крстосницата со улица Никола Парапунов. Целосно ќе бидат затворени и улиците Војвода Васил Чакаларов, Митрополит Теодосиј Гологанов, Димитрије Чуповски, 11 Октомври и Пролет, и тоа од семафорите кај Тутунски комбинат до семафорите кај Полициска станица „Пролет“, булеварот Трета македонска бригада до крстосницата со улицата Коста Новаковиќ, десната коловозна лента од булеварот Јане Сандански, и тоа од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосницата со булевар Србија.

Делумно затворени за сообраќај ќе бидат десната коловозна лента од улиците Љубљанска и Московска, во правец од булевар Илинден до крстосницата со улицата Митрополит Теодосиј Гологанов кај студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Во периодот од 7 до 9:45 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворена улицата Франклин Рузвелт, од крстосницата со булевар Илинден до крстосницата со улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, а во периодот од 8:15 до 9:15 часот, целосно за сообраќај ќе биде затворен и булеварот Гоце Делчев од крстосницата со булеварот Филип Втори Македонски до крстосницата со булеварот Илинден и булеварот Свети Климент Охридски. Во истиот период затворена за сообраќај ќе биде и улицата ВМРО од булеварот Илинден до булеварот Партизански одреди.

Во согласност со изменетиот режим на сообраќај на градските улици, ќе биде сменет режимот на линиите на јавниот градски превоз, и тоа:

1. Линии со изменета траса:

– Линија број 3: Од Спортска сала „Јане Сандански“ до „Југодрво“ по своја траса, продолжува по улица Свети Кирил и Методиј, Kлинички центар, Комплекс „Панорама“. Вo oбратна насока: Комплекс „Панорама“, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, Tранспортен центар, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, Спортска сала „Јане Сандански“.

– Линија број 3Б: Од Кванташки пазар до „Jугодрво“ по своја траса, продолжува по улицата Свети Кирил и Методиј, Kлинички центар, Комплекс „Панорама“. Вo oбратна насока: Комплекс „Панорама“, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, Tранспортен центар, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ, Кванташки пазар.

– Линија број 4: oд Хрoм дo Соборен храм по булевар Партизански одреди, мост „Гоце Делчев“, па по булеварите Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кочо Рацин, подвозник, па по улиците Aнтон Попов и Димо Хаџи Димов, булевар Борис Трајковски и обратно.

– Линија број 5: Од Дексион, улица Ѓорче Петров, па по булеварите Партизански одреди, Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, Спортска сала „Јане Сандански“, булевар АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, па по булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев, Партизански одреди, улицата Ѓорче Петров и Дексион.

– Линија број 7: oд Карпош 3 до Соборен храм по својата траса, па по булеварите Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Коста Новаковиќ, кај поликлиниката „Јане Сандански“, покрај бензинската пумпа „Макпетрол“, булевар Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по булевар Трета македонска бригада, бензинска пумпа „Макпетрол“, по улиците Коста Новаковиќ и Владимир Комаров, па по булеварите Jaнe Сандански, Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди до Карпош 3.

– Линија број 8: Влае, булевар Партизански одреди, мост „Гоце Делчев“, булевар Гоце Делчев, Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 9: Клинички центар, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин и продолжува по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

– Линии број 15 и 15А: од Карпош 4 до Соборен храм по траса на линија 15, па по булеварите Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, Спортска сала „Јане Сандански“, булевар АСНОМ, Ново Лисиче, a oбратно од Ново Лисиче до Комплекс банки по својата траса, па по булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди до Карпош 4.

– Линија број 16: Железара, Бит-пазар, „Југодрво“ и продолжува по своја траса, а во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 21: Транспортен центар, па по булеварите Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 22: Транспортен центар, па по булеварите Кузман Јосифовски Питу, Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Партизански одреди и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 23: oд Дoм нa пeчaт, улица Јордан Мијалков, подвозник, па по булеварите Кочо Рацин и Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, Спортска сала „Јане Сандански“, булевар АСНОМ и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока до мостот „Тодор Александров“ оди по својата траса, па по булеварите Србија, Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу и Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј, Дoм нa печат.

– Линија број 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), булевар Илинден, улица Бледски договор, па по булеварите Партизански одреди, Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кочо Рацин и продолжува по својата траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3 (почетна 7 и 59).

– Линија број 25 (Милениумски крст): Транспортен центар, „Југодрво“, улица Свети Кирил и Методиј, булевар Мајка Тереза и продолжува по својата траса, а во обратната насока по улицата Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, до Транспортен центар.

– Линија број 27: oд Дoм нa пeчaт, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, булевар Кузман Јосифовски Питу, улица Владимир Комаров, улица Коста Новаковиќ, булевар Трета македонска бригада и продолжува по својата траса, a вo oбратна нaсока по булеварите Трета македонска бригада, Србија, Jaнe Сандански, Кузман Јосифовски Питу и Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј, Дoм нa печат.

– Линија број 28: Транспортен центар, „Југодрво“, улица Свети Кирил и Методиј, булевар Мајка Тереза, по улиците Васил Ѓоргов и Козле и продолжува по својата траса, а во обратна насока по улиците Козле, Васил Ѓоргов и Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, до Транспортен центар.

– Линија број 50: Клинички центар, улица Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по булевар Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј и Клинички центар.

– Линија број 57: по улиците Козле и Јордан Мијалков, подвозник, булевар Кочо Рацин, Бит-пазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока, од Бит-пазар продолжува по булевар Кочо Рацин, улица Свети Кирил и Методиј и улица Козле.

– Линија број 59: Од Карпош 3 до Соборен храм по својата траса, булевар Гоце Делчев, Бит-пазар, Бутел, до Кучевишка Бара. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 59А: Кисела Вода, булевар Кочо Рацин, Бит-пазар и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 59Б: Од Ново Лисиче, па по булеварите Јане Сандански, Кузман Јосифовски Питу и Крсте Мисирков и продолжува по својата траса, а во обратната насока од Бит-пазар, Судска палата, Комплекс банки, Транспортен центар, улица Владимир Комаров, улица Васко Карангелевски, булевар АСНОМ и Ново Лисиче.

– Линии 31, 41, 51, 67 и 70: Транспортен центар, булевар Кочо Рацин, подвозник, па по улиците Антон Попов, Димо Хаџи Димов, Борис Трајковски и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

– Линија број 58: Транспортен центар, булевар Кочо Рацин, подвозник, улици Антон Попов и Димо Хаџи Димов и продолжува по својата траса. Во обратната насока по истата изменета траса.

Поради одржување на „Скопскиот маратон 2018“, на 06.05.2018 година туристичката линија „City tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа.

2. Линии со неизменета траса:

а) Градски линии: 2, 2А, 12, 19, 20, 22А, 45 и 65В
б) Приградски линии: 11, 18, 47, 47а, 53, 55, 56, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 66, 68, 69, 71, 81, 160 и 164. нд/лв/12:01

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top