| четврток, 6 декември 2018 |

Алибаба: Раст на продажбата од 61 процент

Трговскиот интернет гигант Алибаба соопшти дека продажбата во последниот квартал од минатата година пораснала за 61 процент, што е над очекувањата на почетокот на годината. Со ова, Алибаба бележи раст од над 50 проценти две години по ред.

Во периодот од јануари до март, компанијата имала промет од 9,73 милијарди долари. За да го задржи темпото на раст, компанијата инвестира во нови, посовремени клауд компјутерски системи, е-продажба надвор од Кина и класични продажни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top