| четврток, 6 декември 2018 |

Вчера на „Црн вторник“ во Кина продадени се стоки за рекордни 9.3 милијарди долари

Alibaba

Најголемиот онлајн трговец во светот, кинеската компанија „Алибаба“, вчера на „Црн вторник“ кој се претворил во вистински меѓународен ден на шопингот, регистрирал рекордни продажби. Вчера се продадени стоки за рекордни 9.3 милијарди долари, а 5.7 милијарди долари на истиот ден минатата година.

Реализирани се 2.85 милиони трансакции, а во трговската промоција се вклучиле 27 000 трговци кои им продале стоки на корисници од 217 земји.

Петте марки кои најмногу заработиле од денот на шопингот се: производителот на смартфони „Xiaomi“, втора е компанијата за телекомуникациски услуги и паметните телефони „Huawei“, трет е производителот на електроника „Haier“, четврто место за трговецот со мебел „Linshimuye“ и јапонскиот производител на облека „Uniqlo“, соопштуваат од „Алибаба“.

Водечкиот трговец на смартфони во Кина „Хiaomi“, продал апарати во вредност од  254 милиони долари или близу 1.16 милиони смартфони, коментира потпретседателот на компанијата, Хуго Бара на социјалната мрежа Твитер. За време на 24часовниот маратон вчера биле продадени 1.2 милиони електрични апарати за дома , 3 милиони артикли за осветлување и 50 000 нови автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top