Циклонот Тодор од денес па за време на викендот ќе станува се посилен со што во целиот регион ќе условува врнежи и грмежи.
Локално процесите ќе бидат интензивни проследени со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поројни поплави во регионот, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град.
Кога кажуваме регион тоа се однесува на нашите соседни држави како и на северозападен Балкан.
Циклонот Тодор ќе се интензивира и кај нас во Македонија со што локално процесите можно е да бидат поинтензивни проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Локално не се исклучува можноста за појава на локални поројни поплави доколку некаде се случат овие поинтензивни атмосферски процеси.
Граѓаните ширум Балканот се предупредуваат доколку се појават електирчни празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.