| четврток, 6 декември 2018 |

Роман Полански и Бил Козби исклучени од Филмската академија

Режисерот Роман Полански и комичарот Бил Козби беа исклучени од Академијата за филмска уметност и наука, која ја доделува наградата „Оскар“.

Минатиот месец, Козби, актер, режисер, продуцент, сценарист и музичар, беше прогласен за виновен за сексуално вознемирување .

Полански ја призна својата вина за наводите за секс со малолетници. Во 1977 година, тој имал врска со едно 13-годишно девојче.

Минатата година продуцентот Харви Винштајн, исто така, беше протеран од академијата по серија обвиненија за сексуално вознемирување и силување.

Во официјалното соопштение се наведува дека тие се исклучени „во согласност со правилата за организациско однесување“.

„Советот продолжува да поттикнува етички стандарди кои бараат од членовите да ги поддржат вредностите на Академијата, изразувајќи се во почитување на човековото достоинство“, се вели во соопштението на Академијата.

Роман Полански е добитник на „Оскар“ во 2003 година за најдобра режија за „Пијанистот“.

Досега во 91-годишна историја на Академијата, официјално само четири лица се исклучени.

Првиот е актерот Кармин Кариди чие членство беше поништено во 2004 година, откако на пријател испратил кадри од филм кој се уште не бил пуштен во кината, а кратко потоа видеото било објавено на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top