| четврток, 6 декември 2018 |

Кање Вест ја налути јавноста: Ропството е избор! (Видео)

Американскиот рапер Кање Вест, кој неодамна беше критикуван поради јавната поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп, повторно ја налути јавноста, откако изјави дека „ропството е избор“.

– Кога ќе чуете за ропство кое трае 400 години. Имено 400 години? Тоа ми звучи како избор, наведе Вест во интервју за порталот ТМЗ.

Тој со изјавата го разбесни домаќинот, Ван Латан од ТМЗ, кој истакна дека е „разочаран и вчудоневиден“ од неговиот коментар.

– Многумина од нас мораат да се носат со такви закани целиот живот… мораме да се соочуваме со маргинализацијата што е последица на 400 години ропство за кое ти велиш дека било нечиј избор, реагираше гневно Ван Латан.

Вест по големиот број критики подоцна се обиде да ја објасни неговата изјава.

– Знам дека робовите сами доброволно не прифатиле да бидат оковани и качени на бродови за Америка. Сакав да кажам дека фактот што толку долго сме останале во таа позиција, иако сме биле во мнозинство, значи дека сме биле ментално поробени, напиша на социјалните мрежи раперот.

Ропството во САД е укинато дури кон крајот на 19 век, а потоа поранешните робови се соочуваа на секој чекор со дискриминација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top