Евтаназија во буквален превод значи „добра смрт“. Дејвид Гудол, 104-годишен научник од Австралија, смета дека за него веќе нема добар живот, па едиснтвено што му останало е добра смрт.
– Многу ми е жал што достигнав олкава старост, вели екологот кој и покрај староста не е терминално болен.
– Не сум среќен. Не е тоа претерано тажно. Тажно би било кога би ме спречиле во тоа.
Помош при самоубиство е привзаконска во повеќето земји, а во Австралија по закон евтаназија можат да побараат само болни од неизлечиви болести при чиста памет и свест.
Затоа Гудал закажал термин во клиника за евтаназија во Базел, пренесува Гардијан.
Ексит интернешнел, непрофитна организација која се залага за легализација на евтаназија, му помага на Гудол да отпатува. Во нивното соопштение се наведува дека е неправедно еден од „најстарите и проминентни жители е приморан да патува на другата стана на светот за да почине со достоинство“, пренесува Недељник.
Оваа компанија започна кампања за собирање пари на сајтот GoFundMe за да можат Гудол и неговиот помошник да патуваат со прва класа. Досега компанијата собрала 17.000 австралиски долари.
Гудол се најде на насловните страници на светските весници кога во 2016 изјави дека повеќе не се чувстввуа сопосбно да биде професор. Тогаш имал 102 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)