Десет луѓе се повреедени по експлозија на еврејски фестивал во Лондон, јави Би-би-си. Експлозијата се случила ноќеска, во Стамфорд Хил, на еврејскиот фестивал Лаг Баомер, додека учесниците палеле оган на отворено.
Било стравотно, луѓето врескале и бегале едни од други. Експлозијата се случила во моментот кога рабинот запалил оган. Се создала голема огнена топка, а луѓето почнале да врескаат и да бегаат едни преку други.
Лекарска помош им била укажана на преку 30 луѓе.
Неофицијално, до експлозија дошло поради горивото што се користело за полевање на кладата или поради стари мобилни телефони кои биле фрлани во огнот.
Лондонската полиција јави дека до екслопзијата дошло случајно и не ја поврзува со терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)