Двајца поранешни телохранители го тужат легендарниот Џони Деп за злоупотреба.
Јуџин Ареола и Мигел Sанчез две години работеле за Џони Деп , а сега во јавноста изнесоа валкани детали, поради што бараат од актерот да им плати.
Тие се жалат дека работеле прекувремено, а тие часови не им биле платени. Немале ниту пауза за ручек, ниту време за одмор. Тие тврдат дека му ја бришеле дрогата од лицето на Деп, го чувале како дадилки, а
тој не им давал ниту да ручаат.
Покрај тоа што го гледале како финансиски пропаѓа, морале да се грижат и за неговите деца, 18- годишната Лили Роуз и 16 – годишниот Џон. Велат дека работеле нешта што не им биле во описот на задачите.
Морале да ги превезуваат членовите на семејството насекаде, па дури и да возат превозни средства во кои имало нелегални материи. Тие бараат Деп да им ги исплати парите што им ги должи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од солзите ништо не гледав: Актерот проговори за депресијата, разводот, зависноста
-
Што се случува со убавецот од Холивуд: Џони Деп изгледа ужасно, фановите загрижени (галерија) (видео)
-
Тој ја истепа, таа му зеде 7 милиони долари и еве што направи со парите
-
Протече видео со Џони Деп во сцени со оргии (видео +18)