| четврток, 6 декември 2018 |

Супер Марио спаси бабичка

Можеби во историјата повеќе ќе биде запомнат по вечните гафови, испади и легендарно глупави изјави, повеќе отколку мајсториите на теренот, но Марио Балотели докажа дека покрај сѐ, има и добра душа. Според наводите на италијанскиот „Тутоспорт“, Балотели овој викенд ѝ го спасил животот на 87-годишна старица во Италија.

Поради повреда тој порано од очекувањата ја напушти селекцијата на Италија и Купот на Конфедерациите, па се врати во Милано. Како што шетал низ градот, во негова близина една старица се онесвестила и паднала. Марио одма притрчал и ѝ помогнал на старицата давајќи  ѝ прва помош. Подоцна дознал дека во прашање била мајка на познатиот италијански режисер, Роберто Ченчи. Бабичката сега е добро.

– Му благодарам многу, такви гестови се реткост во денешниот свет – изјавил Ченчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top