Можеби во историјата повеќе ќе биде запомнат по вечните гафови, испади и легендарно глупави изјави, повеќе отколку мајсториите на теренот, но Марио Балотели докажа дека покрај сѐ, има и добра душа. Според наводите на италијанскиот „Тутоспорт“, Балотели овој викенд ѝ го спасил животот на 87-годишна старица во Италија.
Поради повреда тој порано од очекувањата ја напушти селекцијата на Италија и Купот на Конфедерациите, па се врати во Милано. Како што шетал низ градот, во негова близина една старица се онесвестила и паднала. Марио одма притрчал и ѝ помогнал на старицата давајќи ѝ прва помош. Подоцна дознал дека во прашање била мајка на познатиот италијански режисер, Роберто Ченчи. Бабичката сега е добро.
– Му благодарам многу, такви гестови се реткост во денешниот свет – изјавил Ченчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Чудо од баба: Крева тегови подобро од внуците!