| четврток, 6 декември 2018 |

Најтажната слика од „Сантијаго Бернабеу“

Тажната слика на голманот на Баерн Улрих, кој по поразот од Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите седи сам на тревата долго по мечот го растажи светот.

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако во реванш-натрепварот на полуфиналето одиграа нерешено против Баерн 2-2 (1-1).

Во првиот меч во Минхен мадриѓаните победија со 2-1.

Баерн поведе во третата минута со голот на Џошуа Химик, а изедначи Карим Бензема осум минути подоцна, така што голманот Улрих се лизна кога шутираше Бензема и му подари празен гол.


Истиот играч ја казни грешката на одбраната на Баерн во 46. минута, за во 63. Џејмс Родригез да ги постави конечните 2-2. Баварците имаа неколку шанси до крајот, но Кејлор Навас ја зачува мрежата безбедна со добрите интервенции.

Најтажната слика по натпреварот е онаа на тажниот голман на Баерн, кој седи сам долго по мечот на тревата. avi i pati.

Во финалето на 26 мај во Киев Реал ќе игра против победникот од полуфиналето меѓу Рома и Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top