| четврток, 6 декември 2018 |

Погреб, свадба, пораѓање… новиот спот на „Нокаут“ (видео)

IMG_8909Со филмска приказна, во која се раскажани најголемите таги и радости во животот на еден човек, новата песна на „Нокаут“, „Запомни тоа е сѐ што имаме“, беше заокружена со видеоспот. За идејата, концептот и целата реализација на спотот се погрижи тимот на „Горила продукција“, на чело со режисерот Владимир Дади Ивановски. Песната, која беше промовирана неодамна и веднаш стана хит, ќе биде дел од албумот на кој бендот полека, но сигурно работи и кој наскоро ќе биде издаден.
Дотогаш, по последниот концерт во Битола, кој беше еден од најголемите настани минатото лето, „Нокаут“ повторно ќе ги распеат и разиграат битолчани. Покрај старите добропознати хитови, на Ракометното игралиште во Битола, в среда, 10 јули, ќе се пеат и новите песни и проекти.

Концертот, кој е дел од досега најдолгото и најсодржајно битолско културно лето „Бит-фест 2013“, ќе почне во 22 часот, а организаторите „Горила продукција“ на барање на момците од „Нокаут“ ја обезбедија и домашна поддршка од битолските бендови „Паркети“ и „Промашена инвестиција 3,14“.
Билетите во претпродажба може да се најдат по промотивна цена од 100 денари во „Тобако Брадерс“, „Пица Буре“ и продажните места на „Бит-фест 2013“. На врата влезницата ќе чини 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top