Ставот на здружението „Совест“ е дека конзервацијата на Али-пашината џамија во Охрид е спорна, законите се прекршуваат. Од Совест повторно нагласуваат дека 32-метарско минаре во срцето на чаршијата не треба да се гради,оти така целосно би се нарушила визурата на градот.
-Здружението „Советст“, нема ништо против реставрацијата на џамијата, но има против она што се работи таму нелегално и незаконско и ќе предизвика импликации врз целокупното живеење, изјави Томе Џамтоски, Здружение „Совест”.
Освен во документацијата,период наназад експертите напоменуваат дека и во проектот има низа пропусти. Архитектот Димитар Зарчев вели дека ако постои конзервација таа треба да се врши со автентичен материјал кој се употребувал во минатото,а не со бетон и тешка механизација како во случајов.
-Треба да ме убеди дека се врши козервација и непотребно е да има толкава висина и не верувам дека тоа минаре било толку големо, вели Димитар Зарчев архитект.
Историчарот Гоце Жура пак е на ставот дека сега е моментот Охрид да ја истакне мултикултурата. Жура порачува да се заштити базиликата со мозаиците,на чии темели е изградена џамијата и двата објекти да се најдат на заедничка мапа.
-Можеме тука во минијатурна форма да се претстави базиликата на чудотворецот Свети Никола и од оригиналните мозаици да се земат и да се постават тука, вели Гоце Жура историчар на уметност.
Овие ставови беа изнесени на јавна трибина во Охрид а истите во соодветен допис ќе бидат испратени до институциите. Учесниците уште еднаш испратија апел до надлежните да не го игнорираат случајот со Алипашината џамија, кој може да има далекусежни последици по соживотот во Охрид.
извор: 24.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.