| четврток, 6 декември 2018 |

И синот на Фрчкоски седна во директорска фотелја!

Дојде живот за уште еден син на функционер и подржувач на власта.Откако вчера излегоа информациите дека синот на Фрчкоски, Јон,  добил директорска позиција, Лидер тврди дека младиот Фрчкоски ќе го води правниот сектор во компанијата, а неговата позиција е “Помошник генерален директор за правни прашања”.

Нашиот извор јавува дека платата за оваа позиција е нешто над 50.000 денари.

Јон Фрчкоски претходно работеше во Општина центар а на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Стојчевски, кој до сега го водел овој сектор. Неговиот татко, познатиот професор Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, кој во моментов е член на комисијата за реформи во правосудството.

Сличен скандал претходно имаше и со децата на функционерите Мирослав Грчев и Талат Џафери, кои без оглас беа вработени во државната компанија ЕЛЕМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top