Дојде живот за уште еден син на функционер и подржувач на власта.Откако вчера излегоа информациите дека синот на Фрчкоски, Јон, добил директорска позиција, Лидер тврди дека младиот Фрчкоски ќе го води правниот сектор во компанијата, а неговата позиција е “Помошник генерален директор за правни прашања”.
Нашиот извор јавува дека платата за оваа позиција е нешто над 50.000 денари.
Јон Фрчкоски претходно работеше во Општина центар а на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Стојчевски, кој до сега го водел овој сектор. Неговиот татко, познатиот професор Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, кој во моментов е член на комисијата за реформи во правосудството.
Сличен скандал претходно имаше и со децата на функционерите Мирослав Грчев и Талат Џафери, кои без оглас беа вработени во државната компанија ЕЛЕМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фрчко засекогаш ќе остане „Асистентот Буреконосач“
-
Командант М’суси по стапките на Фрчкоски: Рафиз Алити го избра покусиот пат до Владата (ФОТО)
-
Фрчкоски забележан како излегува од просториите на СЈО (ВИДЕО)
-
Героски пропагира насилство: Фрчкоски не тепал деца, туку делел воспитни на вмровчиња (ВИДЕО)