Лидерите на Јужна Кореја и на Севрна Кoреја, Мун Џае-ин и Ким Џонг- ун срдечно се ракуваа на историската средба во демилитаризираната зона на границата меѓу двете држави.
Откако Ким ја премина демаркациската линија на зоната, го повика претседателот Мун за момент да ја премине на територија на Северна Кореја. Мун тоа го стори иако тоа не беше дел од претходно утврдена постапка, јавија западни медиуми.
Двајцата лидери потоа се вратија на територија на Јужна Кореја каде беше подготвена свечена церемонја на дочек и претставување на членовите на двете делегации. Првпат лидер на Северна Кореја да премине на територијата на Јужна Кореја од крајот на Корејската војна (1950-1953). Војната формално не е завршена. Последен пат двајцата лидери се состанаа во 2007 година.
Ким на историската средба во делегацијата ја имаше и својата сестра Ким Јо Џонг. По заедничката фотографирање Ким се запиша во „Куќата на мирот“ во Панмунџон, а потоа влегоа во конференциската сала и почнаа разговори од кои се очекува да бидат почеток на процесот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Западните медиуми јавија дека Ким во книгата во „Куќата на мирот“ запиша „Новата историја полнува сега, години на мир се на историски почеток“.
По почетоктот на средбата без камери имаше куси изјави. Ким изјави дека сака да оджи искрени разговори за актуелни прашања и дека се надева оти самитот би водел кон „добар исход“.
– Се надевам на пишување на ново поглавје меѓу нас и ова е почеток. Ние ќе донесеме нов почеток. Се надевам дека ќе исполниме очекувања што ги имаат другите од нас. Се надевам на договор што ќе исполни големите очекувања, истакна Ким.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)