На меѓународната книжевна манифестација Мелнички вечери на поезијата, која, традиционално, по четиринаесетти пат се одржа во градот Мелник (Бугарија), Гран-прито за книжевен опус му припадна на македонскиот писател Христо Петрески.
Досега, ова најголемо и најзначајно признание на фестивалот, покрај плејадата истакнати книжевни творци од балканските држави, го има добиено и македонскиот поет Гане Тодоровски.
Инаку, наградата се состои во плакета и уметничка слика, а на добитникот му беше организиран и посебен книжевен настап во црквата „Свети Никола“ во Мелник, каде што, покрај беседата на лауреатот, се говореа и негови стихови на повеќе од десет странски јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


