| четврток, 6 декември 2018 |

Не можел да оди и знаел дека ќе умре – оваа снимка е доказ за тешките моменти на починатиот Авичи!

Смртта на младиот ди-џеј Авичи се уште е една од главните теми меѓу луѓето. Иако надлежните не пронашле ништо сомнително, овие снимки се доказ за тешките моменти на музичката ѕвезда, а веројатно и причина за прераното заминување од овој свет. Освен што имал здравстевни проблеми кои прерано го однеле во предвремена пензија, тој често се жалел дека веќе не може да издржи и дека ќе умре од притисок.

-Бев многу искрен со сите со кои работев и сите кои ме познаваат. Сите знаат дека патам од анксиозност и дека се трудев од петни жили. Не очекував дека нивната реакција ќе биде да ме тераат да продолжам со тезгите. Гледаа во моите очи дека не се чувствувам добро, но наидов на бројни отпори кога посакав да престанам со настапите – рекол Авичи.

Младиот музичар одамна зборувал за своите ментални проблеми, посебно анксиозноста и земањето алкохол како полесно би ја пребродил својата срамежливост и непријатност кога ќе се најде во центар на вниманието.

Во 22 година дијагностициран му е акутен панкреатитис, воспаленеие на панкереасот, делумно и поради опивањето. Во 2014 година бил на операција каде му се извадени слепото црево и жолчната кеса.

-Им реков: Нема веќе да настапувам. Ќе умрам. Им го повторив тоа неколку пати. И затоа не сакам веќе да случам дека треба да размислам за следната тезга-вели Авичи во документарецот.

Од друга страна, поради болниот црн дроб, лежејќи во една болница во Австралија, направена е снимка поради која е прекината тамошната турнеја. Поради лековите за болка, тој не можел да стои на нозе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top