| четврток, 6 декември 2018 |

Гоце Стевковски: Дома да почнеме да се препознаваме кои сме и што сме и сами да го препознаваме квалитетот

„Денес сѐ е џез“ е насловена манифестацијата со која и годинава Здружението на џез-музичари и слободни уметници ќе го одбележи 30 април – Меѓународниот ден на џезот.

На концертот во Македонска филхармонија гости ќе бидат американскиот саксофонист Дон Менза и австрискиот диригент и инструменталист Зиги Фајгл, а како новина е предвидено одржувањето на мини патувачкиот џез караван при што во шест македонски градови концерти ќе одржат исто толку џез состави.

– За нас е огромна чест што токму овие луѓе ни дадоа огромна подршка на музички план. Што пројавија желба да дојдат и да настапат во Македонија, во Скопје, со нашиот Оркестар. За жал. Боли една друга работа, што и по скоро три децении независност ние мора да добиеме некое или некакво признание од странци, во случајов тоа се Фајгл и Менза – наши пријатели и соработници. Јас сепак сум повеќе за теоријата дома да почнеме да се препознаваме кои сме и што сме и сами да го препознаваме квалитетот. Не треба да чекаме некој друг да ни го каже тоа. Надвор од нашите граници има системи и многу полесно се препознаваат вистинските вредности, Вели Гоце Стевковски, првиот човек на ЗЏМ, за „Радио Слободна Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top