Седум композиции, седум различни расположенија, видени низ призмата на седум извонредни музичари. Вака накратко може да се опише албумот „Седум приказни“ („7 STORIES“) на македонскиот тапанар и композитор Гоце Стевковски, а кој ќе го претстави на неговиот концерт на 27 ноември во Македонска опера и балет со почеток во 20.30 часот.
Гости на концертот на Гоце Стевковски ќе бидат: Трајче Велков, Кире Кузманов, Иван Иванов, Александар Икономов, Дамир Имери и Сашко Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.