| четврток, 6 декември 2018 |

Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци

Станува збор за еко бајка за секое дете, татко и мајка, бидејќи нема граници меѓу децата и возрасните, претставата сите на учи како да се засади љубов во срцата кон нашата природа

Театарот за деца и младинци на 26-ти Април ја слави јубилејната стота изведба на претставата „Цветната улица” во режија на Наташа Поплавска. Во таа чест претставата ќе се одигра два пати и тоа дневна изведба од 10 часот која е организирана за ученици од основни училишта, а вечерната изведба ќе се одигра од 19 часот пред нашата редовна публика.

„Цветната улица” е заеднички проект на Театарот за деца и младинци од Скопје, Делегацијата на Европската Унија во Македонија и независната театарска куќа Арт Медиа од Скопје, а премиерно беше изведена во јуни 2012 на сцената на театарот.

Станува збор за еко бајка за секое дете, татко и мајка, бидејќи нема граници меѓу децата и возрасните, претставата сите на учи како да се засади љубов во срцата кон нашата природа.

Драматизацијата на претставата е на реномираниот писател за деца Киро Донев, а подлошка за текстот е направeна според брошури на Европската Унија наменети за подигање на свеста кај најмладите во доменот на еклогијата и заштитата на здравата животна околина. Авторите за претставата режисерот Наташа Поплавска, сценографот Емил Петров, кореографот Олга Панго, композиторот Џенгиз Ибрахим и костимографот Александар Ношпал успеаваат да создадат поучна и забавна современа претстава со современи проблеми, како што е загаденоста, големиот сообраќај во градовите, загадување на природата со отпад, а ги учи најмладите и на рециклирање и создавање ново од старо. Така за оваа претстава сценографијата и костимиграфијата се исто така направени од материјали за рециклирање.

За Поплавска ова е прва соработка со Театарот за деца и младинци, која донесе богат плод, односно 100 изиграни претстави. Директорката на театарот, Кети Илиевска Силјановска повторно ја активира преставата која беше во мирување минатата година. Во претставата премиерно улогите ги толкуваа актерите: Владимир Лазовски како Раскажувачот, Марија Ѓорѓијовска како лисицата Лила, Мики Анчевски во улогите на Армандо и Бени, Емран Куртишова во улогата на Флора и Бојан Кирковски во улогата на Том, а од оваа сезона во претставата „Цветната улица” влегува актерот Ненад Митевски како Раскажувачот.

Претставата ја обработува темата екологија, која денес се изучува во училиштата и е дел од образованието. Поплавска во соработка со Европската Делгација, Еу инфо центарот во Македонија и Театарот за деца и Младинци се определија да ја таргетираaт нашата најмлада публика, вклучувајќи ги децата од градинка и од прво до четврто одделение, публика која допрва треба да учи и да биде свесна за тоа што значи здава животна околина и како да ја зачуваме.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top