Во кралското семејство во понеделникот стигна уште едно бебе, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го добија третото дете, уште еден син. Војвотката од Кембриџ се породи во 11 часот наутро, а неколку часа подоцна во посета на новиот брат дојдоа четиригодишниот Џорџ и двегодишната Шарлот.
Додека одеа кон болницата, Џорџ и Шарлот го држеа татка си за рака. Но, ако се суди по коментарите на социјалните мрежи, малата Шарлот ги освои сите присутни. Девојчето со насмевка ги поздрави сите фотографи и обожаватели и возбудено им отпоздравуваше. Највпечатливиот момент е кога пред самиот влез во болницата Шарлот се сврте и уште еднаш ги отпоздрави присутните.
Иако уште неколку месеци пред да наполни три години, многумина забележаа дека Шарлот ги има сите предиспозиции за една кралица.
– Принцезата Шарлот го украде шоуто, таа е преслатко девојче, а како им отпоздрави на присутните, им го растопи срцето – е еден од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)