фото: А1Он
„Ова ли е правда“, „За кражба седум години, а за убиство една година“, „Охрабрете се, судете правилно“.
Со овие пароли роднините и пријателите на Крсте Стерјоски, кој минатата година почина по физички напад од двајца тетовци, протестираа поради пресудата за случајот.
Според пресудата, браќата Луис и Фарук Биљали се виновни за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици и се осудени на четири години затвор. Пресудата на основниот суд во Тетово ја потврдила и гостиварската апелација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.