| четврток, 6 декември 2018 |

Се породи Војвотката Кетрин – кралскиот пар доби син!

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам му посакаа добредојде на овој свет на своето трето дете. Кралскиот пар доби син.

Среќната вест беше објавена во официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.

Бебето се родило тешко 3,8 килограми. Гордите родители не го знаеја полот на бебето до самото раѓање.

Како и за претходните две деца, Кетрин се породи во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде принцезата Дијана го донесе на свет Вилијам во 1982 година.

Бебето ќе биде петто во линијата наследници на британскиот престол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top