| четврток, 6 декември 2018 |

„Гори“ кај оди: И на 48 години проѕирното и стои перфектно

Актерката Кетрин Зита Џонс блескаше на доделувањето на наградите „Златен Глобус“ кои ноќеска се одржаа во Лос Анџелес.

Црвениот тепих кои актерките во знак на протест го “зацрнија“ со своите тоалети, беше како и секогаш модна, но овој пат и општествено одговорна парада.
Велшанката го испочитува дрес кодот. Дојде облечена во црно, а екстравагантната модна облека која ја носеше беше од дизајнерот Зухаир Мурад.
Кетрин на 75-тото доделување на филмски награди носеше фустан со длабок В рез, направен од тила и раскошна чипка. Откри повеќе од обично, со јасна намера.

Имено, главната порака од Златниот Глобус е:
-Помина времето на злоставување и дискиминација на жените – а Кетрин како да сакаше да додаде дека жената во провокативен фустан не е сексуален објект.
Овој моден избор навистина и прилегаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top