| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Коперфилд мораше да открие како го изведува трикот Лаки 13 (ВИДЕО)

Најпознатиот магионичар на светот Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие како го изведува познатиот трик Lucky #13, откако еден посетител на последното шоу во Лас Вегас беше повреден токму при изведбата на тој трик.

Педесет и осумгодишниот Британец Гавин Кокс бил избран за изведба на трикот, но паднал и си го исчашил рамото, а тврди дека поради тоа претрпел и хронична болка и повреда на мозокот, јави Би-би-си.

Во трикот Lucky #13 Коперфилд избира 13 лица од публиката кои исчезнуваат од сцената и одеднаш се појавуваат сите тринаесетмина во задниот дел од салата, зад публиката.

Иако адвокатите се обиделе да го убедат судот дека откривањето на трикот би можело финансиски да го загрози магионичарот, судот во Лас Вегас сепак му наложи да ја открие тајната како го изведува трикот. Извршниот продуцент на Коперфилт Крис Конер во вторникот го оркри трикот.

Кога ќе се спуштат завесите, асистентите на Коперфилд брзо ги водат тринаесеттемина низ таен премин кој поминува околу MГM ресортот во Лас Вегас каде што магиничарот ја изведува точката. Ја напуштаат зградата и повторно се појавуваат во задниот дел од салата.

Британецот паднал додека го воделе низ тајниот премин и веднаш е одведен во билница. Ен-би-си њуз пишува дека Кокс тврди дека трошоците за лекување го чинеле повеќе од 400.000 долари. На прашањето дали Коперфилд е виновен за повредата на Кокс, Коперфилд рекол: „Зависи што се случило. Да сум направел нешто погрешно, јас ќе бев виновен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top