Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев за лажна и морбидна политичка пропаганда и за изживување со тажните судбини на родителите на децата убиени кај Смилковското Езеро пред шест години на Велики четврток, на 12 април. Мицкоски констатира дека пред нашите очи на големо се спроведува Тиранската платформа, која иако ја негораат од власта, ревносно ја спроведуваат.
Во изминатиот период премиерот Заев и СДСМ водеа приземна кампања на ниски страсти при што во таа црна кампања играа со чувствата на родителите на убиените деца од Смилковско Езеро. Вистината овие денови излегува на виделина. Ништо не може да биде сокриено, а со тек на време ниските удари и сопствената црна кампања на Заев стануваат неговиот најголем противник. Таа кампања алудираше дека можеби друг е виновен за убиствата, и дека премиерот Заев ја знае вистината. Откако дојде на власт, единствено што се смени е што осомничените и веќе еднаш осудени, се вратија на одново судење. А вчера и самите родители потврдуваат дека осудените лица чии случаи се на повторно судење се оние кои се, според нив и вистинските виновници, но и слушнавме како истите тие комуницирале со луѓе кои се дел од структурите на власта. Бидејќи велеше дека се знае, сега испаѓа дека премиерот Заев крие докази и попречува правда. Ова е гласно и јасно изживување со тажните судбини на родителите и со целата јавност правејќи лажна и морбидна политичка пропаганда, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека не смее да се дозволи поигрување со човечки судбини за политички цели.
Во суштина пред очи имаме спроведување на тиранската платформа која толку многу ја негираат, а толку ревносно ја исполнуваат луѓето од власта.
Поигрувањето со човечки судбини за политички цели не смее да се дозволи. Потребна е правда, а таа не смее да се попречува за било каква дадена концесија или некаков политички договор чија цел е опстојување на власт.
На крајот, Мицкоски констатира дека кредибилитетот на Зоран Заев и Владата одамна го немаат, и затоа најчесното нешто што тие може да го направат е да си дадат неотповиклива оставка веднаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)