Во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје, излезе од печат романот „Во потрага по загубениот син“ од Паскал Гилевски. Во своето ново прозно дело, познатиот писател говори за суштествена тема, тесно сврзана со националниот бит на македонскиот народ.
Во поговорот кон изданието, поетот и литературен критичар Раде Силјан истакнува, дека „во романот е пресликана судбината на едно прогонето семејство од Егејска Македонија, кое по триесет години ќе дознае дека нивниот син-единец е жив и дека формирал семејство во Будимпешта, Унгарија. По долги перипетии и потраги родителите го наоѓаат синот, но тој е изнемоштен од страдања и болести. Во тој интервал од десетина дена трагање до една периферна будимпештанска улица се редат сцени, кои ни откриваат потресна драма на лична и колективна судбина“.
Паскал Гилевски (Сетома, 1939) е автор на богат прозен, поетски и преведувачки опус. Автор е на девет романи, на пет книги со раскази и на повеќе антологии од унгарската, грчката, француската и српската литератури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ