| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво на девојче од Дума: Фрлија буре што шуштеше, потоа нè полеваа со вода (Видео)

Снимката на која се наоѓа девојчето пред недела дена го обиколи целиот свет. На неа Маса и многу други деца кои ги поливаат со вода откако е извршен наводниот хемиски напад.

-Бевме во подрум, Дума беше под удар. Одеднаш фрлија барел бомба, но таа не експлодираше. Се слушна само “шшшш“. Рекоа ’одете горе, одете горе’. Отидовме на последниот кат и јас паднав на подот, не можев да станам. Мојата мајка потоа викна, мојот чичко ме зеде во раце и ме однесе горе. Дојдоа и доктори, кои ја носеа сестра ми и мене. Не доведоа до првата медицинска станица и не полија со вода, ни дадоа инјекции – изјавила Маса за „БиБиСи“.

Како што изјави, отишле да спијат, а гранатирањето и понатаму траело.

-Бевме прекриени со прашина. Се вративме во подрумот, почувствувавме мирис на крв – изјавила таа.

Потсетуваме, нападот се случи пред една недела во Дума, а оттогаш траат тензиите меѓу Западот од една страна и Сирија и Русија од друга.

Како одговор на нападот, САД заедно со Велика Британија и Франција ја бомбардираа Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top