| четврток, 6 декември 2018 |

Прва средба Иванов и Папуљас

Првата средба на двајца претседатели, на Македонија и на Грција се случи во Загреб, а договориле нова.

приемПретседателот Ѓорге Иванов, синоќа во Загреб се сретнал со неговиот грчки колега Каролос Папуљас. Првата средба воопшто одржана меѓу македонски и грчки претседател се случи во Загреб за време на прославата на влезот на Хрватска во Европската унија.
– На моја иницијатива, првпат се сретнавме со грчкиот претседател и разговаравме отворено, како луѓе, за нашите две општества, за нашите граѓани, и како можеме ние како претседатели да придонесеме да има една поголема соработка меѓу двете општества бидејќи треба да ги следиме добрите односи, добрите трендови што почнаа да се случуваат меѓу граѓаните на нашите две земји – изјави претседателот Иванов.
Папуљас, според македонскиот претседател, ветил нова средба.
– Остана да го продолжиме разговорот. Вети дека ќе имаме и друга можност повторно да разговараме. Така што, ова го чуствувам како еден пробив бидејќи од нашата независност до сега немало средба меѓу грчки и македонски претседател – додава Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top